Деновиве ИК „Феникс“ ја објави „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“ подготвена од Елена Пренџовска, која е и автор на предговорот.
„Младата македонска авангардна поезија е сигурна реалност на нашата литературна сцена “ – пишува во предговот на книгата Пренџовска која во „Антолоијата“ ги претставува стиховите на 30 македонски поети родени од 1978 до 1996 година.
Меѓу нив со стихови се застапени: Иван Антоновски, Ѕвонко Танески, Филип Клетников, Јулијана Величковска, Драгана Евтимова, Бистра Илин Шеќеровска, Искра Пенева, Митко Гогов, Исток Улчар, Томислав Каранфиловски, Ѓоко Здравески, Славица Урумова, Снежана Стојческа, Давор Стојановски и други.