Уредување на Домот на културата во Илинден

Општина Илинден интензивно работи на внатрешно и надворешно партерно и хортикултурно уредување на новоизградениот Дом на култура во нас. Илинден, што наскоро ќе биде предаден во употреба.

Домот на култура „Илинден“ што се простира на 900 метри квадратни и е на три нивоа, е дел од капиталниот проект на Општина Илинден „10 Домови на културата“.
Станува збор за повеќенаменски објект во кој ќе се случуваат најголемите културни збиднувања во Општината. Ликовни изложби, кино проекции, театарски престави, културно-уметнички програми  се само дел од предвидените активности што ќе се одржуваат во домот.

Домот на култура „Илинден“ располага со галерија за ликовни изложби, кино сала, конференциски сали, сали за семинари и работилници, библиотека, сала за венчавки и информатички центар. Во целиот објект ќе биде воспоставена wi-fi конекција за бесплатен безжичен интернет.

Во рамките на Проектот „10 Домови на културата“ досега се комплетно изградени, реконструирани и опремени домовите на културата во населените места Бучинци-100 м2, Бујковци-132 м2, Текија-60 м2, Кадино-320 м2, Мршевци-250 м2 и Дељадровци-200 м2.
Домовите на културата можат да ги користат месните заедници, невладините организации, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, кои имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци.

You May Also Like