Претставата „Ах љубов моја“ изведена во Илинден

Театарската претстава „Ах, љубов моја“ , чиј автор и режисер е Коле Ангеловски беше изведена во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден. Претставата е во продукција на Театарот „Комедија“.

„Ах, љубов моја“ е претстава полна со непредвидливи ситуации, интересни карактери, убави и драматични моменти на љубов. Во претставата секој некого сака и заради тоа страда. Таа е хумористичен и смешен одговор на огромниот наплив турски серии по македонските телевизии.

Во претставата играат членовите на ансамблот на Театар Комедија – Нина Деан, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Крсте Јовановски, Зорица Стојановска, Атанас Атанасовски, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Ердоан Максут и Валентин Костадиновски. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Лира Грабул, а музиката на Џенгиз Ибрахим.

You May Also Like