Саша Николовски – Ѓумар добитник на наградата „Златна лира“

Во Музејот на Град Скопје во организација на Советот на музички уметници на Македонија, се одржа пригодна свеченост за доделување на наградата „Златна лира“ за врвни музички достигнувања во 2013та.

Sasha Nikolovski Gjumar dobitnik na ZLATNA LIRA 2013 1

“Маестро Саша Николовски – Ѓумар е нашиот Зубин Мехта, препознатлив по својата музикалност, експресивност и енергичност, кого Советот на Сојузот на музички уметници на Македонија едногласно го избра за добитник на нградата ЗЛАТНА ЛИРА за брвни уметнички достигнувања во 2013та. Признанието е полнозначно бидејќи уметници оценуваат уметник – И ние во Македонија имаме гордост како што е за Индија Зубин Мехта”, се зборови со кои Љубиша Кировски – претседател на Сојузот на музички уметници на Македонија, го започна своето обраќање пред многубројната публика во Музејот на град Скопје.

Заблагодарувајќи се на ова признание Мастро Саша Николовски – Ѓумар, со избрани зборови се обрати до претставниците на Сојузот и пошироката публика  раздиплувајќи им ја божествената порака на звуците на лирата од приказната за Орфеј и Евридика, на што додаде “Признанието за еден уметник ги надминува границите на индивидуалноста, просторот и времето. Денес на оваа ЗЛАТНА ЛИРА, го пишува моето име, но тоа е признание и за сите кои учествувале во моите 20 години творечка уметност, вкулучувајќи ги и проектите реалзирани во 2013та. Наградата, сама по себе значи признание за вложената љубов, посветеност, работа и е секако дополнителен поттик за нови остварувања”

Во рамките на истата свеченост беше доделена ЗЛАТНА ЛИРА за животно дело на пијанистот Тодор Светиев, кој годинава одбележува 40 години музичка дејност. Концерт на Тодор Светиев ја збогати и издигна содржината на овој настан. Посебно доживување за пибликата беше премиерната изведба на ” Фантазија за С” од Б. Светиев која Тодор Светиев ја изведе во дуо со Кристина Светиева.

You May Also Like