Во Белград промовирано делото „Музикономија“ од Димитрије Бужаровски

Деновиве во Србија во издание на Факултетот за уметности во Ниш и Центарот за научноистражувачкa работа на САНУ и Универзитетот во Ниш, излезе најновиот обемен теориски труд на д-р Димитрије Бужаровски – Музикономија.

Buzarovski_promocija_nis MuzikonomijaBuzarovski

Промоцијата на Музикономијата, но воедно и Историјата на естетиката на музиката се одржаа вчера (четврток, 30 октомври) на Саемот на книгата во Белград, на штандот на Центарот за промоција на науката.

Ова е трето капитално дело кое д-р Бужаровски го објавува во Србија во изминатите две години, по Истражувачките методологии и Историјата на естетиката на музиката. Музикономијата е термин кој д-р Бужаровски го воведува како паралелен на Економијата, и кој ги покрива областите на економијата, менаџментот и маркетингот на музиката.
Поставувајќи ги основите на овие области во подрачјето на музиката, трудот на д-р Бужаровски е меѓу ретките во светот кој на еден системски начин го дефинира подрачјето, клучните концепти, и низ голем број на примери од современата музичка култура, значењето и врската на музиката со економијата. При тоа тој има предвид дека музичките производи и услуги, и посебно музичката индустрија, учествуваат со значајни проценти во бруто домашниот производ подеднакво и на неразвиените и на развиените постиндустриски средини. Трудот е поткрепен и со бројни дијаграми, графици и табели, и индекс кој ги изработи д-р Трена Јорданоска.

Промоцијата на Музикономијата, но воедно и Историјата на естетиката на музиката се одржаа вчера (четврток, 30 октомври) на Саемот на книгата во Белград, на штандот на Центарот за промоција на науката. Идната недела на 6 ноември е предвидена уште една промоција, овојпат во Ниш, на која воедно ќе биде праизведено делото на Димитрије Бужаровски Кабаре оп. 62б за трио хармоники.

You May Also Like