Концерт на „Фрајле“ во Битола

Денеска (четврток, 10 јули ) во 21:00 часот во Пациото во Битола концерт ќе одржи акустичниот женски состав од Нови Сад – Фрајле.

frajle_plakat_bit_fest

Марија Мирковиќ, Наташа Михаловиќ, Јелена и Невена Буча ги здружија своите воодушевувачки вокали, две акустични гитари, очигледно прекрасниот вкус за костимографија и го направија најзанимливиот музички перформанс на актуелната музичка сцена.The Frajle се женски акустичен состав од Нови Сад.

Од летото 2009 год. четирите членки на бендот одлучиле да ги здружат свите сили, неверојатни вокали и музички таленти што за помалку од година дена ги одведе до неверојатен успех. Потеклото на името на бендот е од германскиот збор ,,Fraulin,, што значи госпоѓица. Според критичарите и нивните фанови името на бендот во целост го отсликува нивниот музички стил. Фрајле се познати по својот специфичен начин на изведување, а во нивните авторски песни се чувствуваат елементи од музиката од сите страни на светот. Овие четири даму успеваат сето тоа да го соединат во еден музички правец. Нивниот облик на музички настап е возбудлив како за клубската така и за концертната публика, со што ги освојуваат Мира Адања Полак, Александра Радовиќ, Зоран Кесиќ, Ана Станиќ, Војкан Борисављевиќ и др.
На You Tube поставуваат пет обработки кои за кратко време стануваат најпосетени видео записи во земјата. Сега со преку 100.000 гледаност, Фрајле ги поместија границите не само на кавер свирките туку и музичката сцена на нашите простори. Публиката го знае нивниот авторски материјал од нивните настапи. Секоја од четирите девојки има специфично и мошне интересно животно мото.

You May Also Like