Традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“ која годинава за шеесет дена (октомври/ноември) ќе донесе над 40 настани, продолжува со несмален интензитет.
Вечерва (четврток, 30 октомври) од 20:00 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ беше отворена изложба на дела од графичката работилница “Софија“ – Богданци, на која со дела од најновото издание на работилницата се претставија 17 автори од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Хрватска, кои работеа под менторство на Аница Радошевиќ.