Трибина „Студентските медиуми“

По повод тригодишнината на студентското списание „Излез“, истоимената студентска организација од Скопје на 3 април во 16:00 часот, во ЕУ инфоцентарот во Скопје организира трибина: „Студентските медиуми во Македонија: што може иднината да научи од минатото?“

На трибината гостуваат:

Томе Груевски,
поранешен директор и уредник во „Студентски збор“,

Сашо Ордановски,
поранешен уредник и новинар во „Млад борец“,

Ѕвездан Георгиевски,
поранешен новинар во „Млад борец“,

Стефан Алексиќ,
координатор на Радио МОФ,

Жанета Трајкоска,
директор на ВШ за новинарство и односи со јавност.

Преку формат на неформална панел дискусија, трибината ќе ги препознае главните медиумски струења на студентскиот активизам, некогаш и денес. Преку сопоставување на дејноста на студентските медиуми од минатото (во претходниот државен систем) и оние од денес (во современа Македонија), трибината ќе го проектира во слободен потег просторот на идни можности за афирмирање на домашниот студентски глас.

You May Also Like