Самостојна изложба на Љупка Галазка-Василев

Во НЛБ Тутунска банка отворена е самостојна изложба на Љупка Галазка-Василев. Изложбата ќе биде отворена до 1 март 2014 година.

ljupka_gazalaka_vasilev

Љупка Галазка-Василев е родена на 16.08.1979 година во Струмица, Република Македонија, а дипломира на Националната ликовна Академија во Софија.

Во својот специфично колоритен и текстурен опус, Галазка-Василев до сега учествувала на низа групни (2001 – “Текстил” Галерија на Бугарските уметници – Софија; 2002/2003 – сликарство мал формат, Културно информативен центар “KИЦ” – Скопје, Македонија; 2003 – “15 ликовни уметници од Струмица”, Градска Галерија – Солун, Грција; 2004/2005 Годишна изложба на ДЛУС, Национална установа, Центар за култура “Aнтон Панов “- Струмица; 2006 “Стремежите на младите ликовни уметници од Струмица”, фоаје на Работнички универзитет “Јоска Свештарт” – Струмица; 2012 “Encounters 5” Лефкоса, Кипар), но и индивидуални изложби (Национална установа – Центар за култура “Антон Панов “ – Струмица, Април 2007; Национална Галерија на Македонија, Мултимедијален центар ”Мала Станица” – Скопје, Мај 2007; Национална установа, Центар за култура“ Бели Мугри” – Кочани, Македонија – Декември 2007; “ГОК” – Грујецки центар за култура, Грујец, Полска – Март 2013)

You May Also Like