Предавање за религискиот континуитет во Македонија

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, го организира предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“ , на проф. д-р Никос Чаусидис, на ден 20 февруари  (четврток), во City Hall (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот.

predavanje_religiskiot_kontinuitet

Предавањето го организира УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси” (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР (www.oer.mk) која претставува група составена од поединци, организации и институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на ООР во Република Македонија.

Тема: „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“

Во информацијата за настанот се вели дека поводот е: „Последниве години во нашата средина се водат дискусии околу идентитетот на современиот македонски народ, особено прашањето дали тој, гледано историски, започнува во средниот век со доселувањето на словенските народи на Балканот или може т.е. треба да се врзува за постарите антички балкански популации. При тоа, аргументите на овие дилеми се бараат во неколку сфери т.е. рамништа: генетиката, јазикот, политичката историја и т.н. Ова предавање не е насочено кон аргументирање на ниту една од овие концепции, туку тежнее да го покаже уделот на религиите во милениумското конституирање на индивидуалниот и колективниот идентитет на жителите на Македонија. Авторот ќе се обиде низ неколку најилустративни примери да покаже дека некои митско – религиски структури можат да се следат на оваа територија континуирано од праисторијата до денес, некогаш во траење и од 7 000 години. Станува збор за архетипски феномени кои не само што се транс-временски, транс-културни и транс-национални, туку се и транс-религиски. Тие слободно преминуваат од една во друга култура, од една во друга религија, менувајќи ги само своите формални обележја, при што нивните суштински и трајни симболички и семитоички нишки можат да се следат од век во век и од милениум во милениум“.

You May Also Like