Град Скопје ја почна изградбата на Паркот за миленичиња во Градскиот парк. Овој парк ќе биде со површина од околу 1200 квадратни метри и ќе биде опремен со различни содржини за забава на домашните миленичиња. Ќе има чешма за пиење вода, соодветни канти со кеси за собирање измет, а ќе бидат поставени и клупи за одморање на сопстевениците на миленичињата.
Паркот ќе се загради со жичена ограда висока 1,5 метри, поставена на метални профили, а ќе има два влеза, односно две врати. Овој пилот проект Градот Скопје го реализира во соработка со невладините организации и здруженија за заштита на животни. Паркот се гради со цел на граѓаните коишто имаат домашни миленици да им се понудат нови интересни и достапни содржини во Градскиот парк коишто би ги користеле нивните миленичиња, со што би се заштитиле преостанатите зелени површини во Паркот.