Две премиери со Изкарај и Кондратенко од циклусот „Кирилица“

Македонската филхармонија вечер во Салонот на МОБ ќе одржи концерт од циклусот „Кирилица“ …

salon MOB

Публиката ќе има можност да го слушне нашиот виолинист Олег Кондратенко кој под водство на младиот и талентиран диригент Карлос Изкарај од Венецуела прв пат во Македонија ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар од оскаровецот Ерих Корнголд.

Кондратенко е еден од најистакнатите претставници на модерниот македонски виолинизам, а Изкарај, кој со овој концерт дебитира на македонската сцена, во 2008 година е победник на престижниот натпревар за диригенти „Тосканини“.

Оркестарот на Македонската филхармонија, исто така, ќе ги изведе и „Рапсодија“ од македонскиот композитор Глигор Смокварски, одбележувајќи ја стогодишнината од неговото раѓање, како и „Фантастични танци“ од шпанскиот композитор Хоакин Турина, кои за прв пат ќе прозвучат на македонскиот подиум.

You May Also Like