Реформирање на Македонскиот центар на ИТИ- УНЕСКО

По повод реформирањето на Македонскиот Центар на International Theater Institute, UNESCO, на Универзитетот „Евро-Балкан“-Скопје на 6 март 2013, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес конференција.

Центарот ќе ги претстави своите активности, програма, мисија и цел за оваа воведна и промотивна година, 2013. Македонскиот Центар на ИТИ, почна интегрирано да функционира во рамките на Институтот за општествени и хуманистични истражувања/Универзитет „Евро- Балкан“, Скопје.

Членови на програмскиот одбор на ИТИ се: Дејан Прошев, Кристина Пешева Диновска, Биљана Гарванлиева, Иванка Апостолова, Велимир Жерновски, Валентина Гоцевска, Викториа Рангелова, Звезда Ангеловска, Наум Пановски, Александра Бошковска, Оливер Балабурски, Кристина Трајановска, Ивана Атанасова, Милош Андоновски, Инес Ефремова, Александар Ивановски.

You May Also Like