„Минато, сегашност, иднина – Секогаш е време за МОДА“, врз основа на ова мото екипата на Моден викенд Скопје , неуморно работи на следната сезона која ќе се одржи од 1–ви до 9–ти април. Подгответе се за уште една нова МОДНА ТРЕСКА во Скопје. Седмото издание, пролет/лето 2013, ќе се стави акцент на модата како неизбежен дел од секојдневието кој се провлекува во секоја секунда од човековото постоење. Во рамките на седмата сезона ќе бидат претставени околу 20–тина модни дизајнери.
Како и секоја сезона , така и оваа новостите се неизбежен дел, така овој пат подготвуваат проект насловен “Ретроспективата на МОДАта во Македонија 1983-2013” поддржан од Министерството за култура на РМ и наменет на процесот на создавање на колекции кои не познаваат граници.
FWSK не застануваат тука, па воведуваат уште една нова страница од модната лепеза, станува збор за проектот наречен ПОП! Мода. Имено, се работи за соработката помеѓу Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје и Моден викенд Скопје.
_________________________________________________
Амбасадата на САД и FWSK објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за македонските дизајнери на облека, модни додатоци и накит, да ги достават своите креаторски идеи кои би биле презентирани на гала вечер во Амбасадата. Освен тоа, избраните дизајнери ќе добијат уникатна шанса да учествуваат на работилница на темата Бренд менаџмент водена од висок претставник на американска модна куќа.
Конечната селекција на финалистите на конкурсот ќе биде направена од страна на жири составено од претставници на Амбасадата и Моден викенд Скопје. Проектот е поддржан од Текстилната асоцијација на Македонија и нејзините членки.
Крајниот рок за пријавување е 04.03.2013. Подеталните информации за конкурсот, како и правилата за учеството можат да се најдат на www.fashionweekendskopje.mk.
А.О.