Победници на конкурсот за млади бендови на Пиволенд

Една од најважните цели на фестивалот Гурмански викенд со пиво- Пиволенд, освен дегустација на пиво е поддршка и развој на македонската култура и музика, па во тоа својство Фестивалот организираше отворен повик и конкурс за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти.

pivolend_gurmanski_vikend

По долго и исцрпно преслушување на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи , жири комисијата се одлучи за следните бендови :
• Problem solved
• Smoke shakers
• Tyte (drom records)
• Spank
• Marlon Brando Bend
• The Autor

Тие ќе добијат шанса да бидат дел од главната сцена на овогодинешниот фестивал и ќе добијат можност да и покажат и докажат на македонската публика дека местото им е рамо до рамо со најдобрите македонски бендови и артисти како Леб и Сол, Мизар, Тамара, Д Џон и останатите .

Поради огромниот интерес од страна на младите македонски авторски бендови , артисти и диџеи , организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ- „Фреш“ на кој ќе можеме да ги слушнеме сите нови имиња чие време допрва доаѓа, а воедно, „Фреш„ сцената ќе помогне за нивна понатамошна афирмација. Наскоро следи и програмата за оваа сцена која ќе обезбеди позитивен инпулс и свежина на фестивалот , но и можност за докажување на младите македонски талентирани артисти кои несомнено ги имаме во голем број.

You May Also Like