Проектот „Битола – филмски град“ допрва ќе се развива

Кандидатот за градоначалник и акуелен градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, денеска (вторник, 19 март) во поранешната касарна „Стив Наумов“, информираше за проектот „Битола – филмски град“.

Се наоѓаме во просторот на старата касарна, која што со децентрализацијата се префрли на општина Битола – и објектите и целото државно земјиште. Иако изгледа дека сме во старата чаршија во Битола, всушност ова е филмското студио – филмскиот град. Овде се снимаат повеќе делови од телевизиски серии, филмови. Последното нешто што се реализираше беа неколку епизоди од „Тврдокорни“ култниот серијал на МТВ, рече Талески.

Најави дека во касарната има повеќе локации на кои е предвидено да се гради филмски град кој што ќе се шири во тој дел од касарната.

Она што е најважно се аргументите кои ги даваме за инвеститорите. Со ДУП кој што е на површина од 103 хектари, всушност тоа се 3 детални планови кои предвидуваат повеќе содржини. Најголемиот дел од нив се однесуваат на индивидуално домување, високоградби, трговски центри, хотели, градинки, училишта – населба која ќе претставува урбанизирање и осовременување во интерес  на животот на нашите граѓани, потенцираше Талески.

При денешната посета на овој филмски град, Талески изјави дека овој проект е потврда на континуитетот и соработката помеѓу Владата на Република Македонија и локалната самоуправа.

You May Also Like