Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре, (петок, 20.1.2012 година) со почеток во 11:00 часот во Македонската опера и балет ќе се обрати на прес – конференцијата по повод одржувањето на четвртиот меморијален хуманитарен концерт во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески.
На концертот насловен „Неговите арии“, публиката ќе има можност да ги слушне најголемите поп-хитови на Тоше но во нов оркестарски аранжман и изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот.