Дневни настани за тековниот викенд во рамките на манифестацијата „Културно лето“ …
Богатото културно богатство на Република Македонија продолжува да се афирмира и негува преку низа културни настани поддржани од Министерството за култура.
Во Стар Дојран вечерва со почеток во 21 часот на плоштадот „Под јаворите“ граѓаните и посетителите ќе уживаат во концертот на фолк-пеачот Миле Кузмановски.
Во Крушево утре (9 август) во 18 часот ќе биде реализиран уметничкиот проект „Реинконто“. Настанот започнува во 18 часот во црквата „Св. Никола“ со венчавката на грчката уметничка Фотели со македонецот Божиновски.
На плоштадот во Крушево во 20 часот пак ќе настапат членовите на КУД „Преспа“ од Мала Преспа, кои ќе исполнат песни и ора од преспанскиот крај. Вечерта ќе ја заокружи концертот на јапонскиот состав „Пирамидос“ кој ќе изведе познати музички нумери од балканските земји.
На 10 август (недела) пред споменикот на Илинден на Гумење, концерт ќе одржи етно-составот „Љубојна“.,л а потоа со свеченоста на спуштање на знамето на Крушевската Република и официјално ќе биде означен крајот на научно-културната манифестација „Десет дена Крушевска Република“.