Вчерашниот ден (петок, 11 јануари), можеме слободно да го наречеме „нај-добриот“ ден во годината – затоа што го славиме Светскиот ден на зборчето „Благодарам“- (International Thank You Day).
Сите ние, големи и мали, сме запознаени со вредноста и важноста на добриот збор и потребата од него во нашето секојдневие. Повеќето благодарности кои ги изразуваме кон другите, ги изрекуваме случајно, без да мислиме за нивнот значење. Сепак, зборвите на благодарност имаат магична моќ- со нивна помош луѓето споделуваат радости едни со други, го изразуваат своето внимание -нешто без кое животот немаше да има смисла, ќе беше здодевен и мрачен.
Психолозите објаснуваат дека, зборовите на благодарност се – „добри зборови, кои можат душевно да ги стоплат и смират луѓето“. Според народните верувања, зборчето Благодарам не треба да се изрекува во состојба на гнев и растројство. Кога благодарите некому за нешто, важно е да биде искрено и од срце – велат специјалистите.
Празникот последните неколку години се слави масовно во светот. Идејата е денешниот ден да биде насочен кон луѓето, кои заслужиле да им биде кажано „Благодарам“. Тоа е еден од најубавите зборови во македонскиот јазик, кој означува добрина, добро.
Л.Ѓ.