Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Велимир Стојковски го доби највисоко признание – Повелба на Риечкиот универзитет. Одлуката е донесена од Сенатот на Универзитетот во Риека на својата 36-та седница одржана на 20 март годинава.
– Универзитетот во Риека на ректорот Стојковски му го доделува ова значајно признание во знак на признание за неговиот личен придонес и залагање за унапредувањето на соработката во областа на високото образование, науката и културата помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот во Риека, како и во знак на признание придонесот во промовирањето на академските, културните и пријателските врски помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, стои во сооштението од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Повелбата на ректорот Стојковски ќе му биде врачена на 22-ри мај во Риека, во присуство на академската заедница на Универзитетот во Риека и на високи претставници на хрватскиот државен врв.