Проекција на филмот „Ив Сен Лоран“ на Фестивалот на француски филм која од вчера се одржува во скопје и во Охрид …
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечер ќе биде прикажан филмот „Ив Сен Лоран“, во рамки на Фестивалот на француски филм. Филмот е на режисерот Жалил Лепер, а играат Пјер Нине, Шарлот Ле Бон и Гијом Галиен. Во него е раскажана приказната за животот на францускиот моден креатор Ив Сен –Лоран.
Фестивалот на францускиот филм свечено беше отворен синоќа со проекција на филмот Ке д’Орсе на Бертран Таверние.