Во новиот број на реномираното ирско списание за литература „Ривајвл“, кое го издава Книжевниот центар од Лимерик, се објавени избрани песни од седум современи македонски поети: Санде Стојчевски, Милош Линдро, Димо Н. Димчев, Весна Ацевска, Јовица Тасевски – Етернијан, Виолета Танчева-Златева и Маја Апостолоска.
Изборот на песните го направи познатиот ирски поет Ноел Кинг. Списанието „Ривајвл“ го објавува Книжевниот центар од Лимерик и излегува четири пати годишно.