Корисниците на Дневниот центар за стари лица во Гази Баба реализираа работилница за цртање на платно.
На активноста учествуваа старите лица кои го посетуваат овој дневен центар, кои имаа можност цели два часа да се забавуваат споделувајќи ги своите идеи и креации за цртежите кои ги сликаа.
Работилницата помина успешно и со надеж дека вакви активности ќе има и во иднина со цел развој на креативноста и убаво поминато време кај овие лица.