Директорот на битолската библиотека, Науме Ѓоргиевски и оваа година успешно ги спроведува политиките на Министерството за култура. Поставените приоритети во библиотечната и издавачката дејност, како и во областа на меѓународната соработка со менаџерскиот тим, изработуваат креативни и успешни проекти за промоција и популаризација на книгата, привлекување на нови читатели и задржување на вниманието на постојните, што се рефлектира позитивно кај битолчани.
Многубројната публика која учествува на презентациите и изложбите, но и фреквенција на читатели која на деневна основа изнесува во просек 700 до 800 корисници, велат од библиотеката. Директорот Ѓоргиевски со спроведувањето на предвидените проекти го задржува континуитетот на долгогодишната успешна работа и високопоставените професионални стандарди, а до крајот на годината ќе бидат реализирани и следниве значајни проекти:
Во областа на библиотечната дејност:
– Збогатување на книжните фондови-континуирано секоја година се зголемува буџетот за оваа дејност за 20%. Постојано се следи издавачката продукција и светските трендови;
– Одржување на седмата Роднокрајна средба на Битолските писатели од Македонија;
– Објавување на зборник на седмата Роднокрајна средба на Битолските писатели од Македонија;
– Откуп на раритетни книги за музејската библиотечна поставка-континуирано се надополнува со нови книги;
– Набавка на опрема за средување на некнижниот материјал;
– Обука на библиотекари за користење на програмската пооддршка COBISS 2.
Bo областа на издавачката дејност:
– „Библиотечен тренд“ – списание на НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола;
– Мултимедијално филмовано CD за библитеката – електронско издание;
– „Библиотеките во Битола и Битолско“ – основање и развој (монографска публикација).
Во областа на меѓународната соработка одобрени се неколку проекти. Активностите во оваа дејност придонесоа истата да прерасне во сектор кој во рамките на библитечната дејност во последните неколку години забележува особени резултати. Членство во Светската дигитална библиотека и Конгресната библиотека од Вашингон, како и соработка со Австриската амбасада во Република Македонија.
Исто така, како „Заштита на недвижно културни наследство“ предвидена е третата фаза од реконструкцијата, во која ќе се извршат ентериерни – занаетчиски работи на старата зграда на НУУБ „Св.Климент Охридски”.