На прославата на Државниот универзитет „Ломоносов“ во Москва (Русија), организирана по повод 300-годишнината од раѓањето на големиот руски научник М.Б. Ломоносов, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски ја имаше честa и привилегија да биде промовиран во почесен професор professor honoris causa на овој голем престижен универзитет, кој е еден од најстарите и најзначајните универзитети во светот.
Ректорот Велимир Стојковски титулата почесен професор professor honoris causa на Државниот универзитет „Ломоносов“, Москва, ја доби во знак на неговиот придонес во развојот на науката.