Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на дела од 2-та меѓународна Балканска изложба „МОСТ“, на која се претставени 52 сликарски дела во минијатури на 26 автори од Македонија и Турција.
Делата се во минијатури, а изработени во различни сликарски техники,графички техники, колажи од природни материјали, фотографии,масло на платно,цртежи со туш,пастели во разни комбинации и соодноси.
Професорот по историја на уметноста Џемил Бектовиќ, кој ја отвори и говореше за изложбата, потенцира дека иако навидум изгледаат лесни, минијатурните дела се многу тешки за уметникот да изрази цела една композиција на мал простор.
– На изложбата настапуваат сликари,вајари,графичари и архитекти од Турција и Македонија, а генерациските разлики,различните ликовни дисциплини и стилски опредлеби не се пречка во планираната концепција, туку понудената разноликост е главниот квалитет на изложбата, оцени професорот Бектовиќ.
Еден од учесниците на изложбата е скулпторот Слободан Милошевски, кој се огледува и во други сликарски техники. Тој потенцира дека изложбата е „МОСТ“ на искуства и сензибилитет меѓу двете двете пријателски држави Македонија и Турција.
Изложбата по Скопје и Велес, за десетина дена ќе биде отворена и во Кавадарци, а потоа и во уште некопку македонски градови и налето и во Република Турција.