Ревија на народни носии, инструменти и песни

Oпштина Гази Баба традиционално и оваа година во рамките на „Културно лето Гази Баба“ ја организира Манифестацијата „Ревија на народни носии, народни инструменти и песни“ која ќе се одржи денеска (петок, 31 август) во населеното место Црешевo, со почеток во 20:00 часот.

За сите заинтерeсирани граѓани, општината организира бесплатни два автобуси, кои ќе појдат во 19:00 часот, и тоа од:

–  Првиот автобус поаѓа од Дрма, преку Колонија, Идризово, Јурумлери, Гоце Делчев, Трубарево, Ергеле, Хиподром, Маџари, Ченто, Сингелиќ, Стајковци и Црешево.

–  Вториот автобус поаѓа од Железара, преку Автокоманда, Триангла, Маџари, Ченто, Сингелиќ, Стајковци и Црешево.

Враќањето е со истите автобуси, по завршување на Манифестацијata.

You May Also Like