Одбележување на Светскиот ден на животната средина

По повод Светскиот ден на животна средина (5ти јуни), Агенцијата за млади и спорт во соработка со градот Скопје, Општина Гази Баба и Министерствито за животна средина, ќе го одбележат денот со акција за чистење на трим патеката во Парк шумата Гази Баба.

park-shuma-Gazi-Baba (1) (Medium)

На настанот што ќе започне во 10:00 часот, ќе присуствуваат Директорот на Агенцијата за млади и спорт,Марјан Спасески, Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници од градот Скопје и од Министерството за животна средина, ученици од основните и средните училишта од општина Гази Баба, како и познати спортисти од повеќе спортови.

Целта на акцијата е одбележување на меѓународниот ден за животна средина, но и подигнување на свеста кај пошироката популација за заштита и унапредување на животната средина.

You May Also Like