Распишан конкурсот за најдобра песна

Распишан конкурсот за најдобра песна на Празникот на липите од страна на Друштвото на писателите на Македонија …

stack-of-books

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најдобра песна на Меѓународната манифестација „Празник на липте“. Песните треба да се испраќаат до ДПМ најдоцна до 20 јуни. За пристигнатите творби ќе решава жирито што го составува Одборот на манифестацијата. Песните треба да се испратат во три примероци.

Годинашното издание на „Празникот на липите“ ќе се одржи на 24 јуни под покровителство на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

На централната приредба ќе бидат предадени признанијата „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Бранко Цветкоски и на поетот од Босна и Херцеговина Абдулах Сидран. Друштвото на писателите на Македонија ќе промовира избор во посебна книга од творештвото на лауреатите.

You May Also Like