На 5 јуни 2014 година во рамки на фестивалот за анимација O!PLA кој се одржува во Лоѓ, Полска, а во соработка со македонскиот интернационален фестивал за анимација „Анимакс Скопје Фест“, ќе се прикаже програма на современа македонска анимација од македонски автори на анимирани филмови.
Програмата ќе биде прикажана во рамки на проектот O!PLA ACROSS THE BORDERS 2014. Полската публика ќе има можност да ги погледне најновите анимирани филмови на македонските автори Иван Ивановски, Гоце Цветановски, Вук Митевски, Жарко Иванов, Ице Виранов и Доријан Миловановиќ.
