Премиера на „Аферата Елсинор“ вечерва во МНТ

Македонскиот народен театар денеска (среда, 12 февруари) во 20:00 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Аферата Елсинор“, по текст и режија на Љубиша Георгиевски.

ljubisa_georgievski

Со новиот проект ќе бидат одбележани 77 години живот и 55 години творештво на Георгиевски на театарската сцена.

Во актерската екипа се: Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Искра Ветерова, Ѓорѓи Јолевски, Борче Начев, Магдалена Ризова-Черних, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиоски, Емил Рубен, Никола Ацески, Александар Микиќ, Трајче Георгиев, Дарја Ризова и Арна Шијак.

Сценограф на претставата е Мери Георгиевска, костимограф Никола Ефтимов, а изборот на музиката е на режисерот Љубиша Георгиевски.

You May Also Like