Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, донесе одлука овогодинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ да им се додели на:
– Киро Донев и
– редакцијата „Детска радост“.
Киро Донев беше долгогодишен уредник на списанието „Наш свет“ од 1963 до девеесетите години. Ова е период кога списанието „Наш свет“ објавуваше најголем број на страници на стрип во изданијата за деца и млади во Македонија, воопшто.
Редакцијата „Детска радост“ уште од 1960 година успешно го промовира стрипот преку своите сегашни и поранешни изданија: Наш свет, Развигор, Другарче, Историска епопеја, Мак стрип и др.
Истото признание како и досега, ќе се додели за време на одржувањето на 10 тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2012“.
Досегашни лауреати на ова признание, наречено по прерано починатиот бард на македонскиот стрип се: Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, групацијата „Тајфа арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ и Иванка Апостолова.