Проект „Friends“ на Бит Фест

Денеска (среда, 8 август, 2012 година) со почеток во 20:00 часот на малата сцена во Центарот за култура ќе биде претставен проектот „Friends“.

 

Во рамките на проектот „Friends“ присутните ќе може да проследат проекција на документарен филм, а по завршувањето на истиот совети и едукација од стручни лица  поврзани со заштитата на животните.

Проектот „„Friends“ е во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина  „Мали Херои“ од Битола. Проектот има за цел будење на свеста на граѓаните кога се во прашање животните, нивно третирање на хуман начин како и поттикнување на луѓето да вдомат милениче со што се намалува бројот на бездомни животни.

You May Also Like