Расказ на Томислав Oсманли во еврејското списание „Руах Хасхада“

Расказот „Небото на Сукот“ на Томислав Османли,од неговата книга „Светилка за ханука“, објавен е во списанието „Руах Хасхада“ на загрепската еврејска заедница, во превод на Долорес Бетини.

Неодамна во Загреб беше промовиран и наградениот роман  на Османли „Дваесет и првиот“ во издание на „Сандроф“.
Неговиот расказ „Свадбата на Дорќол“, пак, беше објавен во книжевното списание „Улазница“ во Зрењанин, Србија, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ. На англиски јазик овој расказ пред една година беше објавен во меѓународното списание „Лос Муестрос“ во Брисел.

You May Also Like