Бит фест:музика,фотографија и медиа арт

Денеска (понеделник, 20 август, 2012 година) Битолското културно лето на неколку различни локации во градот нуди програма составена од музика, фотографија и медиа арт.

 

Во „Магазата“ со почеток во 21:00 часот присутните ќе може да ја проследат манифестацијата „Вечер со Ајри Демировски“ во организација на битолски весник.

Истата вечер во фоајето на Центарот за култура во организација на Фото Кино Клуб од Битола ќе се одржи изложбата на уметничка фотографија со наслов „Почеток“.

Во Дом на АРМ со почеток во 20:00 часот децата и тинејџерите ќе можат да уживаат во Детско- тинејџерскиот музички хепенинг „Еден летен распуст“ на кој ќе настапат 8 учесници.

Во „Пациото“ и салите на Заводот и Музеј од нашиот град ќе се случува фестивалот на современи уметности „ART MUSE“ во рамките на кој ќе настапат четири познати уметници од Сад, Канада, Унгарија и Полска како и 5 македонски уметници.

You May Also Like