„Креативна Европа“ во ЕУ инфо центарот

Во организација на Министерството за култура и Одделениeто Културно-контактна точка (ККТ) при Секторот за евроинтеграци на 31 мај 2013 година, со почеток во 13.30 часот, во ЕУ Инфоцентарот во Скопје ќе се одржи информативна сесија на тема: Од програмата „Култура 2007-2013 на ЕУ” до „Креативна Европа 2014-2020”.

 

Настанот ќе се реализира во соработка со Културно-контактната точка на Република Словенија.
Целта на инфосесијата е да ги претстави македонското и словенечкото искуство со програмата „Култура 2007-2013 на ЕУ” и да ги запознае македонските културни оператори со новата програма, „Креативна Европа 2014-2020”, наменета за културните и за креативните сектори во Европа.

You May Also Like