Фестивал „ArtMuse“ во Битола

Денеска (понеделник, 20 август, 2012) во „Пациото“ и салите на Заводот и Музеј Битола ќе се случува фестивалот на современи уметности „ArtMuse“ во чии рамки ќе настапат четворица познати уметници од Сад, Канада, Унгарија и Полска како и петмина македонски уметници.

Проектот АртМусе – соочување со иднината ,на НУ Завод и музеј Битола е финансиран од Европска Комисија – Програма Култура и поддржан од Министерство за култура на РМ. Проектот има голема препознатливост во уметничките кругови , во медиумите и веб страните во Европа.
Темата на целиот проект е „Од индустриска до постдигитална револуција“ , а темата на овој втор битолски фестивал е „Од традиционални занаети до медиа арт“ со акцент на текстилот.
Главни партнери на проектот се: НУ Завод и музеј Битола, LWL – Industriemuseum Textilmuseum in Бохолт, Германија, Gdanks City Gallery,Гданск Полска и M2C Institute, Бремен, Германија.

„АртМусе“ проектот го доби епитетот „Алијанса на Медиа Арт Фестивали“.
Фестивали од овој тип паралелно се одржуваат и во други европски градови, Гент, Софија, Делменхорст…

You May Also Like