Вечер (понеделник, 20 август, 2012) во 20:00 часот во Mагаза ќе се одржи поетско-музичка вечер со Ајри Демировски, авторот на песната „Битола мој роден крај“.
Ајри Демировски е роден 1926 година во Битола, а антологиската песна „Битола мој роден крај“ ја напишал во Загреб во 1944 година. Со одлука на Советот на Општина Битола на 14 мај 2007 година беше прогласен за прв почесен граѓанин на овој град. Во 2008 во организација на „Битолски весник“ на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“, Демировски е прогласен за личност на векот. „Битола мој роден крај“ во 2009 беше прогласена за песна на векот. Ајри Демировски почина на 21 октомври 2009 во измир, Турција на 83 годишна возраст.
Демировски напишал и испеал 80-ина песни. Од нив најпознати се: Са ноќ седам Трено, Збогум мајко, За кого ти цути Дано лицето, Покрај Битолските касарни, Сношти те маре сонував, Болен лежи млад Стојан, Доне Донке и др.
Поетско-музичката вечер во чест на Ајри Демировски е во организација на „Битолски весник“.