Двајца македонски уметници изложуваат во Њујорк

Од вчера (петок, 28 декември )во Македонскиот културен центар во Њујорк  се поставени изложбите “Отмени свечености” и “Црниот Орфеј” на Ѓорѓи Митревски и “Случајни колажи” на Жарко Иванов.

Отворањето на изложбата беше проследено со концерт на македонските музичари Александар Петров (перкусии), Мари Петров (тромбон), Васко Дуковски (кларинет) и Дуке Бојаџиев. Изложбата ќе биде отворена до 5 јануари.

Во истиот период премиерно ќе биде прикажан краткиот анимиран филм “Кружно патување на сенката”. Филмот кој е поддржан од македонскиот Филмски фонд, е во режија на Жарко Иванов, работен по сценарио на Александар Прокопиев и со музика на Оливер Јосифовски, која споменатите музичари ќе ја отсвират во живо за време на проекцијата.

You May Also Like