Работилници за креативни индустрии

Во рамките на активностите за  промоција, афирмација и унапредување на креативните индустрии во Република Македонија,  Министерството за култура во периодот од денеска (сабота, 25 август, 2012) до 31 август ќе организира две работилници.


Темата на првата работилница е развој на идентитет на бренд, на која учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за процесот на градење на бренд и неговото значење. Оваа работилница, која ќе биде под менторство на Никола Војнов и Горан Костовски, е наменета за млади дизајнери, занаетчии, уметници и вешти производители кои сакаат да ја подобрат својата позиција на пазарот и да го зголемат обемот на продажба на производите или услугите.

Финалната презентација на новоформираните или модифицирани брендови ќе се одржи на 10 септември 2012 година во Куршумли ан, во рамките на „Неделата на дизајн“ во Скопје.

Целта на втората работилница за дизајн на пакување е преку експериментирање со нови медиуми да се развие  нов современ концепт, а сето тоа во насока на создавање нa дизајнирано пакување. Работилницата е наменета за талентирани креативни млади луѓе и ќе биде под менторство на доц. м-р Лазе Трипков. Финалните производи ќе бидат презентирани на 5 септември 2012 година во Куршумли ан, во рамките на „Неделата на дизајн“ во Скопје.Реализацијата на двете работилници  е во продукција на Промо центарот Јавна Соба.

You May Also Like