Попладнево во куќата на Уранија беа промовирнани трудовите „Македонскиот преродбенски 19-ти век“на академик Блаже Ристовски, „Голем Град- Преспа“ на академик Вера Битракова Грозданова и книгата „Философија на правото“ на академик Владо Камбовски.
За книгата на академик Битракова краток осрвт даде претседателот на МАНУ, академик Камбовски.
„Битракова покажув завидна конзистентност и континуираност во пишувањето на овој труд посветен на островот Голем Град на кој работела цели 40 години. Ова е прва книга посветена на овој ахреолошки локалитет за кој се врзуваат повеќе мистерии и во кој се кријат уште толку неоткриени обележја карактеристични за ова подрачје“ – рече академик Камбовски во својата промотивна беседа.
– Дозволете да ви се обратам мои колеги академици, професори, драги сонародници од мојот роден Охрид и да се надоврзам на она што го истакна академик Камбовски за мојот труд. Драго ми е што успеав да напишам нешто за овој толку богат, а толку малку истражуван предел. Навистина ми е драго што го добив првиот читач на моето дело, мојот драг колега Камбовски кој навистина толку детално поминувал низ страниците на мојата книга и се обиде да даде краток, но исрпен осврт за сето она што го разбрал од мојата научна истражувачка дејност. – рече академик Битракова, авторка на книгата Голем Град-Преспа.
Како што истакна академик Геори Старделов, зборувајќи за најновиот научен труд на академик Блаже Ристовски, „Македонски преродбенски 19 век“, станува збор за едно исклучително вредно дело кое говори за културниот развиток на Македонија.
– Ретко кој друг во истражувањето на историјата на културниот развиток на Македонија дал толку многу научни докази за тоа дека ние сме имале еден автохтон сопствен пат кој има некои тангенти со комшиските народи, но кој во основа има и некои различности, рече академик Старделов.
За „Философија на правото“ на академик Камбовски промотивна беседа одржа академик Георги Старделов.
– Ова е дело се обидува да го објасни правото како научна дисциплина, но и суштина за општеството, како и за секој човек воопшто. Денес толку се употребува терминот право и држава, што почнува да станува веќе излитен термин, а тоа е толку комплексна и повеќедимензионална материја. Речиси и да нема човек кој за кој не се важни термините право и правда и кој не трага по одговорот на прашањето што е исправно, што е добро и посакувано, а што не. Шетајки низ страниците на овој труд осознаваме кои големи философски умови го дале својот придонес во истражувањето на правото. Иако академик Камбовски не е философ, тој на високо научна основа ја употребил философијата за да го обајсни правото, со широк спектар на знаења од правната наука и завидна стручност. – рече академик Старделов во своето обраќање.
По завршување на промоцијата академиците оставија простор за дискусија со присутните посетители на последниот дел од програмата во склоп на четиридневната научна посета на МАНУ во Охрид. Охридската и поширока јавност покажа критичен однос и голем интерес за разработените теми и научно истражувачки ангажман на академиците.
Ивана Чичоска