Стручната комисија на Град Скопје, ги прогласи добитниците на награди за најдобра фотографија, кои што беа избрани во рамките на неодамна распишаниот конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје.

Теми за коишто фотографите конкурираа беа: „Скопје-Градот што се менува“; „Старата скопска чаршија и знаменитостите, односно сакралните објекти во Чаршијата и Калето“ и „Водите и убавините на Скопје“.
За темата Скопје – Градот што се менува, Комисијата донесе одлука првата награда да ја додели Град Скопје и тоа:
Прва награда – Наќе Батев од Скопје за фотографијата – Фонтаната на плоштадот Македонија со споменикот „Воинот на коњ“
Втора награда – Дарко Котевски од Скопје за фотографијата „Мајка со дете“
Трета награда – Дарин Ангеловски од Скопје за фотографијата „Ново-старо Скопје“
Добитници за темата – Старата скопска чаршија и знаменитостите, односно сакралните објекти во Чаршијата и Калето се:
Прва награда – Сања Бадаровска од Скопје за фотографијата „Чаршија 1“
Втора награда – Звонко Плавевски од Скопје за фотографијата „Чергар“
Третата награда ја делат – Сања Бутерин од Скопје за фотографијата „Велосипед пред берберница “и Марија Костовска од Скопје за фотографијата „Ноќ во чаршијата“
Добитници за темата – Водите и убавините на Скопје – се следниве автори и нивните фотографии:
Прва награда – Влахо Бранџолица – од Скопје за фотографијата „Чамци – Матка“
Втора награда – Ангел Ситновски – од Скопје за фотографијата „Кајче“
Трета награда – Кирил Штрков – од Скопје за фотографијата „Козјак“
Четиричлената стручна комисија ги разгледуваше 80-те пристигнати апликации и од околу 800-тини пријавени фотографии, согласно со критериумите пропишани воКонкурсот ги одбра добитниците на наградите.
На добитниците, наградите ќе им бидат врачени, вечерта на отворањето на изложбата што ќе биде организирана во една од културните институции на Град Скопје, а на учесниците во конкурсот ќе им бидат доделени признанија за нивната работа.