Театарот “Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, денесја (среда, 2 јули 2014 година) гостува во Скопје. Претстава се прикажува од 20:30 часот во рамките на манифестацијата “Скопско лето” што ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.
Скопската публика ќе има можност да ја проследи оваа најнова претстава на прилепскиот театар во која игра поголемиот дел од ансамблот и да ужива затоа што е претстава со голема актерска енергија, која отвора нови театарски хоризонти, која дава одговори на многу прашања како „Зошто сето тоа се случува, кога сите копнееме по внимание и љубов“?.
“БУРЕ БАРУТ”
текст Дејан Дуковски
Режија: НАТАША ПОПЛАВСКА
Костимографија : Александар Ношпал
Сценографија и дизајн: Емил Петров
музика : група Мизар
гостин музичар: Методија Костоски
Играат:
ИГОР ТРПЧЕ
ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
ВЛАДИМИР ЃОРЃИЈОСКИ
АЛЕКСАНДАР СТЕПАНУЛЕСКИ
ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ
ВИОЛЕТА ЧАКАРОВА
МАРЈАН ЧАКМАКОСКИ
КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА
НАТАША НАУМОСКА
ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ
МАРИЈА С.ИЛИЈЕСКА
ЗОРАН ИВАНОСКИ
МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ