Одржан тренинг-курс за лидерство во Крушево

Млади лидери во акција е името на 7 дневниот тренинг курс за лидерство одржан во Крушево од 21 до 29 март 2014, во кој учество зедоа 30 млади луѓе од 10 различни земји од Европа.

trening_mladinsko_liderstvo_krusevo

Темата на тренинг курсот беше младинско лидерство и европска кооперација меѓу младите на Европско ниво давајќи им шанса на младинските лидери да дејствуваат, и да ги надоградуваат своите компетенции, справување со конфликти и комуникациски вештини. Овој тренинг курс, со наслов “Young Leaders in Action” им овозможи на учесниците кои доаѓаат од Ерменија, Грузија,
Србија, Албанија, Унгарија, Италија, Турција, Хрватска, Романија и земјата домаќин Македонија, можност да ги надоградат своите знаења, вештини и ставови, како и активни методи на учење од кои тие можат да имаат корист , како и обука како се станува лидер и активен учесник.

Тренинг курсот беше одлична можност за младинските работници, лидери, студенти како и работници во неформалното образование да развијат компетенции, знаење и да разменат интернационални искуства на темата на тренинг курсот. Овој тренинг курс беше организиран од здружението “Млади за Љубов” , чија главна цел е да им понуди на младите луѓе кои доаѓаат од различни средини нови можности зa персонален и професионален развој, на локално и меѓународно ниво,
а подржан финансиски од програмата Млади во Акција, на Европската Комисија.

You May Also Like