Работилница за нови медиуми и младински активизам – Онлајн не може без офлајн

Работилница за нови медиуми и младински активизам се одржа викендов во МКЦ во организација на Младинскиот образовен форум. Идејата на овој настан, како што велат од тимот на обучувачи, е да се развие свеста кај младите дека новите медиуми кои се шират експанзивно, можат да ги користат во доста продуктивни цели и да се здобијат со вештини за поефикасно и поефективно комуницирање.

– Можеби младите, а веќе и повозрасната популација се повеке се наклонети кон Фејсбук како социјална мрежа за најбрзо комуницирање со најголем број корисници во моментов, но тоа не не спречува да оргазнираме обуки каде практично ќе ги покажеме предностите и придобивките од другите социјални медиуми- велат Марко Ѓоргиев и Мите Кузевски, обучувачи во оваа работилница. Тука како лидер веднаш после Фејсбук би го вброиле Твитер кој е особено популарен медиум уште попознат како микроблогин сервис, потоа други алатки како Инстаграм за едитирање и објавување фотографии, WordPress наменет за креирање главно свои бесплатни блоговови, потоа Мailchimp за е-маил маркетинг кој не се користи доволно, но е особено значаен пред се за поформалната комуникација, Ушаиди-за гео мапирање и сл. Програми кои овозможуваат облагородување на комуникацијата со квалитетен визуелен мултимедијален перформанс.

Вовед во интернет активизмот беше насловен првиот дел од работилницата која формално беше поделена во 4 сесии. Во неа актцентот беше ставен врз историјатот на интернетот како алатка која предизвика радикална општествена трансформација, а беше начната и темата за слободата и одговорноста како основни постулати на онлајн активизмот.

Во вториот дел од обуката за нови медиуми и младински активам насловен Онлајн и офлајн застапување обучувачот Марко Ѓорѓиев, член на МОФ се задржа на аргументирање на тезата дека онлајн не може без офлајн застапување, односно дека во суштина таква варијанта е возможна но не може да се очекува премногу доколку се потпреме само на едното. За да се постигне вистинска масовност независно дали се работи за петиција, граѓански собири, кампањи, различни акции, промоции и сл. јавноста најдобро може да се информира преку социјалните мрежи што значи дека и покрај се виртуелниот простор пред кој поминуваме се поголем дел од нашето време е незибежно врзан за физичкиот. За ваквиот рапиден и речиси континуиран пораст на користењето на социјалните мрежи придонесе и мобилната телефонија, смарт телефоните, з пред се безжичниот или т.н широкопојасен интернет во која област земјава е лидер според можностите за негово користење.

Учесниците во најголем дел средношколци можеа да дознаат повеќе новитети околу одредени корисни алатки за надоградување на нивното практично познавање од основите и најкористени социјални медиуми како Фејсбук и Твитер. Тие се запознаа со можностите на други програми со кои може да се поработи на мултимејалниот дел со цел креирање профил со побогати содржини, подобра и поквалитетна естетска димензија. Завршниот дел беше посветен на Аудио и видео активизмот каде беа претставени правилата за успешно снимање видео и аудио фајл и нивно постирање т.е објавување на социјалните мрежи како и за креирање на аудио и видео подкаст.

Пријавените кандидати за обуката беа видно расположени и задоволни од она што успеаа да го научат и кое воедно беше адаптирано да можат да го разберат , почнувајќи од интернетот како медиум на денешната дигитална ера, па процесот на онлајн и офлајн застапување со сите фази, како и сите преостанати корисни социјални медиуми и програми за креирање и едитирање различни мултимедијални содржини.

Особено интересно за нив беше прашањето околу лајковите на фејсбук како платформа – ДАЛИ Е ВО РЕД ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗБЕРЕ САМО ЛАЈК, А нема можност да се кликне ДИСЛАЈК, односно дека нешто не ви се допаѓа е исклучително диксутабилно. Предлогот беше да се стави друга опција за клик бидејки лајк се става и на содржини во негативен контекст како реакција дека нешто сме прочитале во улога на реципиенти.

Фактот дека во денешната дигитална ера на комуникациите се поголем број индивидуални фејсбук корисници, како и сериозни маркетинг агенции и големи компании се потпираат на бројот на лајкови кои што ги добиваат пред да започнат некој профитабилен или проект од помал ранг поставува неколку клучни прашања и дилеми- ДАЛИ ВО ИДНИНА И ДРУГИТЕ МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОРПОРАЦИИ И АУКЦИСКИТЕ КУЌИ ЌЕ ПОЧНАТ ДА ГО СЛЕДАТ ВАКВИОТ ТРЕНД И ДА МУ ВЕРУВААТ НА ЛАЈКОВИТЕ ЗА АМИН НА НИВНИТЕ ПРОЕКТИ И ПЛАНОВИ ОСТАНУВА ДА ВИДИМЕ. Но, едно е сигурно, а тоа е дека новите медиуми особено социјалните мрежи се се попрефериран и користен медиум за најразлични цели како сериозен конкурент на традиционалните медиуми кои и покрај се релативно успешно ја трчаат трката со електронските медиуми како лидери во глобалното информирање.

Можеби Гутенберговата галаксија сепак нема да згасне, како што превидуваше Маршал Меклуан, но неговата теза за глобалното село е реалност и тоа не само физичка туку и виртуелна. Тезата дека фејсбук е мајка на семејството звучи прилично смешно помалку и апсурдно но е фактичка реалност која говори дека речиси и не можеме да го поминеме денот а да не се уклучиме барем еднаш да на фејсбук. Бројките од повеќе од половина милион регистрирани фејсбук корисници во Македонија сами по себе говорат, а практиката покажува дека доколку и другите индивидуи сакаат да бидат во чекор со најновите трендови ќе мора да направат свој профил и да станат активни корисници на оваа популарна мрежа.

Ивана Чичоска

You May Also Like