Велигденска посета на дом за стари лица

Здружението „Уметност на живеењето“, на 21 април во 18:00 часот организира Велигденска посета на Домот за стари лица „Руски“ во нас. Ченто.

veligdenska_poseta_dom_stari_lica

Во нивната информација се вели „Велигден е денот што му дава значење на нашето создавање и постоење. Тоа е денот кога ја славиме добрината. Токму на Велигден, Христос ја принесе својата жртва за доброто на човештвото и преку своето воскресение го осветли патот на иднината.

Токму затоа Ве повикуваме да го прославиме заедно големиот празник Велигден, споделувајќи радост, љубов и топлина со оние кои се стари и изнемоштени – во Домот за стари лица Руски во населба Синѓелиќ на 21.04.2014 (понеделник ) во 18:00 часот.

Да им овозможиме на овие лица да ги почувствуваат љубовта и вредностите на животот. Да бидеме искрени пријатели и да се заложиме себеси дека нивната среќа е и наша среќа“.

You May Also Like