Прогласување на победниците за краток расказ на „Нова Македонија“

Денеска (29 октомври,понеделник), на денот на излегувањето на првиот број на „Нова Македонија“, во 11:00 часот, во кафулето „Капри“, редакцијата на весникот ќе ги додели наградите на годинашните добитници на Конкурсот за краток расказ.

На доделата на наградите ќе се обратат членовите на жирито: Блаже Миневски (претседател), Весна Мојсова Чепишевска и Жарко Кујунџиски (членови), наградените автори, како и претставници од  „Нова Македонија“. Наградените раскази редакцијата ќе ги објавува во прилогот за култура „Лик“ што излегува секоја среда.

You May Also Like