Публицис Македонија со награда на Euro Effie Awards

Публицис Македонија доби престижнa награда на Euro Effie Awards 2014 – Сребрена статуетка за креативниот и комуникациски концепт за кампањата за Аргета “Одобрено од мајките”.

publicis_logo

 

Euro Effie Awards е единствениот фестивал во светот каде награда се добива не само за креативност. туку пред се за ефикасноста на кампањата.

Креативната и комуникациска стратегија “Одобрено од мајките” за брендот Аргета, креирана од креативниот тим на агенцијата Публицис Македонија, доби сребрена статуетка на интернационалниот Euro Effie Awards 2014, како една од најуспешните кампањи реализирани во Европа, според продажните резултати и создадената дополнителна вредност за брендот. Проектот е заеднички со Публицис Словенија која беше и регионален координатор при реализацијата на медиумските и ПР активности на оваа кампања.

Наградата е добиена во конкуренција на кампањи од цела Европа, а во потесниот финален избор се најдоа 44 интернационални кампањи, од 34 различни адвертајзинг агенции од 11 европски земји. Меѓу финалистите се најдоа 34 кампањи од Германија, 7 од Обединетото Кралство, 4 од Франција, како и кампањи од агенции од Италија, Холандија, Латвија, Полска, Шведска, Швајцарија и САД.

You May Also Like