Денеска (19 септември, петок) со почеток во 20:00 часот на терасата на покривот на хотел „Дувет“ ќе биде поставена еднодневна изложба – избор на објавени фотографии на Instagram снимени од Слободанка Тренчева – Боте, #botovacha.
Во фотографиите објавени на профилот на #botovacha провејува “lifestyle” мотивот, кој најдобро говори за слободата во фотографското чувство на авторот. Големите пејсажни површини, урбаните мотиви, секојдневните или можеби необичните моменти во кој изобилува богат колорит се главниот сегмент кој ги интегрира емоцијата, времето и просторот во фотографското изразување.
„Креативниот нагон, односно Instagram фотографиите на Боте се сведоштво за триумфот на чувството врз инструментализмот”, потенцираше Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен и интересен артистички настан.
За дополнување на #instacool атмосферата со музички перформанс ќе се погрижат DJ Зоки Бејбе и DJ Вишко.