Најдобрите инстаграм колаж фотографии од наградниот конкурс на ОНЕ, насловен како “СЕКАДЕ ЗАЕДНО” , од вчера до 24 септември ќе бидат изложени во Скопје Сити Мол.
Посетителите ќе можат да ги погледнат фотографиите на дваесетте финалисти, но и фотографии на уште 40 други учесници. Наградниот инстаграм конкурс започна на 1 јули годинава, како продолжение на минатогодишните Летограм и Зимограм на ОНЕ, но овој пат, натпреварувачите, за да учествуваат требаше да користат мобилна апликација за правење колажи. За два месеци колку што траеше наградниот конкурс, жири комисијата додели 3 таблети за најдобрите 3 фотографии во секој циклус и главна награда Samsung S5.